loader image
Untitled design

Д-Фест и Менталното Здравје

Музика, артисти, изведувачи, пријатели, забава. Миризба на слобода и пуштање на контрола. Звук на сето она во кое што уживаш. Д-Фест нуди нешто за секој од нас. Гужвата, случувањата, стимулацијата и дразбите се тука за оние кои го бараат тоа од една страна но и интимноста и анонимноста за оние кои сакаат нешто друго.

Фактот дека фестивалите траат повеќе дена ја нуди можноста да се сензитизираме со новата средина и на своевиден начин од истото на направиме дом макар на кратко. Создаваме свои ритуали, запознаваме нови луѓе кои стануваат дел од нашето ново секојдневие и барем на неколку дена живееме нов живот. Се тргаме од веќе здодеаната рутина на нашето секојдневие и колективно креираме нешто ново и уникатно. Креираме нешто кое сите го надополнуваме и сите го земаме она кое што ни е потребно од истото.

Не многу често ја имаме можноста на ваков начин да отстапиме од секојдневието кон нешто ново но колку и да е корисно промената е голема, а не секој од нас подеднакво лесно се адаптира на новите работи.

Сепак, со оглед на тоа дека Д-Фест се грижи за сите свои посетители оваа година за прв пат на фестивал во Македонија се води исклучителна грижа и за менталното здравје на посетителите. Поддржано од СебеСложувалка, овогодинешниот Д-Фест нуди можност секој посетител да поразговара со психолог доколку има потреба од тоа. Дополнително, нуди работилници, дискусии и изведби поврзани со менталното здравје.

Пакувајте ги шаторите и доброто расположеие затоа што со љубов ве очекуваме на Д-Фест. 

Останати објави

Музикотерапија

Музикотерапија е терапевтско користење на музиката и нејзините елементи со цел задоволување на физички, емоционални, ментални, социјални и когнитивнипотреби.

Селф и функција на селфот

Што е претставува природа, ум или свесност? Која е релацијата помеѓу нив? Дали се засебни поими (дуализам) или се аспекти на едно нешто (холизам)? Дали има разлика помеѓу луѓето и животните, и која е разликата?

Дали депресијата е предизвикана од недостаток на серотонин?

Веќе со децении се теоризира дека депресијата е предизвикана од страна на „хемиски дисбаланс“ во мозокот, – т.е. дисбаналанс или намалено количество на серотонин во мозокот но дали ова е точно?