На ден 22.06.2022 во просториите на Рагуза 360 беше организирана конференција „Дали образовниот систем гради целосни личности?“.
Меѓу експертските говорници беа Ивана Дојчиновска Стојановиќ, Славица Тасева од АСК – Асоцијација на советници за развој на кариера, Анита Николовска како и М-р Тиана Ивановска – основачката на СебеСложувалка.
За време на овој настан беа претставени повеќе програми чија е цел е помагање на средношколците да стекнат нови вештини како и давање на насоки за професорите за тоа како да ги воведат новопретставените концепти.
Со оваа програма, СебеСложувалка во координација со Младите Можат за прв пат имаше можност да поттикне правење на промени во македонското општество на ниво на образовни програми. Идејата е да се почне со адолесцентите како возрасна категорија бидејќи во оваа фаза од развојот позитивниот импакт кој може да го има работењето на менталното здравје може да превенира голем број на понатамошни психолошки состојби.
Во склоп на оваа програма анкетиравме како средношколци така и професори во средните училишта се со цел да дојдеме до сржта на моменталната ситуација и да создадеме соодветна програма. Програмата која ја креиравме, почнувајќи од септември ќе биде пилотирана низ повеќе средни училишта и преку истата ќе може да се допре до длабоките делови на средношколците што ќе им овозможи на нив да ги разгледаат своите навики, да добијат увид во својата добросостојба како и релациите во кои влегуваат и ќе им даде платформа да зборуваат за своите искуства.