Имам за вас една добра и една лоша вест за стресот.
Добрата вест е дека стресот постои само во вашата глава. Лошата вест е дека стресот постои само во вашата глава. И уште една вест – во последно време, истражувањата открија дека стресот може да нè повреди, особено ако веруваме во него, ако веруваме дека можеме да се разболиме од него, ако веруваме дека сме под стрес и дека е лош за нас.
Гледајќи наоколу повеќето би се согласиле дека постојат многу извори на стрес. Луѓето доживуваат стрес секој ден во сите области од нивниот живот: во своето семејство, во контакт со пријатели, познаници, на јавни места, училиште, факултет, работно место …
Извори на стрес може да биде сè што е во нас или во нашето опкружување на кое реагираме стресно. Значи, генерално можеме да ги поделиме во две групи. Внатрешните извориги вклучуваат оние што зависат од самата личност. Извори на стрес, кои спаѓаат во групата надворешни (од околината), можат да бидат неповолна социјална, материјална состојба и слично.
Што помага при справување со стрес?
Има неколку начини со кои можеме да си помогнеме во врска со стресот, кои сепак се само моментално решение, а доколку имаме можност најдобро е да се обратиме кај психотерапевт. Неколку од тие начини се:
Антистрес луѓе – луѓе на кои можете да се потпрете, а за љубителите на животните имам една добра вест – и милениците се бројат; Длабоко дишење – Според наодите на водечките експерти од областа на неврологијата, луѓето кои живеат во современиот (развиен) свет, во текот на целиот живот имаат околу 90 индустриски хемикалии во нивните тела. Над 70% отпад се излачува од човечкото тело преку дишење или преку кожата. Кога крвта е целосно снабдена со кислород, ослободува повеќе токсини на клеточно ниво и го попречува растот и развојот на вируси и бактерии во нашето тело; Антистрес храна – Храна богата со шеќери, потоа брза храна и предозирање со кофеин може да има дополнителен негативен ефект врз нивото на стрес. Од друга страна, портокали, авокадо, ореви, темно чоколадо, зеленчук, мисирка, сардини и црвено вино (но само една чаша на ден) можат да придонесат за намалување на нивото на стрес во нашето тело; Физичка активност и вежбање – Физичката активност и вежбањето се една од најефикасните алатки во борбата против стресот. Причината за ова лежи во фактот дека самиот стрес не подготвува за физичка активност – да се бориме или да избегаме. Проблемот се јавува затоа што во повеќето ситуации што ни се случуваат, особено на работа, не можеме физички да се бориме или да бегаме со главата без оглед. Целата таа енергија што е создадена во нас затоа што му испративме порака на телото дека сме во опасност, останува во нас и ако не ја искористиме, тоа ќе ни наштети; Моќта на гушкањето – гушкањето исто така помага во ослободување од стресот.
Можеби ви се чини во моментот дека стресот е насекаде околу вас и дека нема помош, но знајте дека не е така. Направете нешто за себе, преземете нешто, користете барем една антистресна техника и не се откажувајте. Во животот секогаш ќе има стресни настани, но ако сме свесни за нив, како и влијанието на стресот врз нас, тогаш сме на вистинскиот пат кон посреќен и поздрав живот.