loader image
sss

Како психотерапијата помага при спонтан абортус?

Денот кога жената ќе дознае дека носи нов живот е незаборавен. Оваа вест носи голема радост, како за идната мајка, така и за нејзиното семејство. Но, за жал, понекогаш, заради најразлични причини, може да се случи спонтан абортус. Притоа, со жената се работи на средување на физичките, но и уште повеќе на психичките последици од спонтаниот абортус. Жените кои ќе го искусат ова несакано искуство треба да знаат како да се справат со загубата и дека е потребно да побараат стручна помош.

Што претставува спонтан абортус?

Иако дефинициите за спонтан абортус варираат на интернационално ниво, сепак,  Светската Здравствена Организација ја дефинира оваа состојба како експулзија на ембрион или фетус од утерусот која се случила најдоцна до 23 гестациска недела и тежина на плодот од најмногу 500 грама. Загуба на рана бременост се дефинира како постоење на празен сакус или сакус со фетус кој нема срцева акција и не е постар од 12 гестациски недели. Постојат различи категоризации на спонтан абортус, со тоа што некој може да биде комплетен, а друг некомплетен, односно сеуште да постојат остатоци од плодот во утерусот. Постои и уште една форма на т.н. “тивок” спонтан абортус, при кој фетусот може да е угинат и неколку недели, но сѐ уште не е исфрлен од утерусот.

Во зависност од тоа, во која состојба е жената, во која гестациска недела се случил, како и од тоа дали спонтаниот абортус е комплетен или не, постојат различни опции за физичкиот дел од третманот. Полето коешто е многу малку истражувано е психолошкиот третман кај жени кои искусиле спонтан абортус. Во последните години, сепак, свеста за психолошките последици од спонтаниот абортус е на малку повисоко ниво за разлика од порано. Најчести несакани психолошки појави кај жените кои доживеале спонтан абортус се: тага, анксиозност, депресија, изолација и себесожалување. 

Психолошко советување

Ефикасното советување ја зголемува свесноста кај жената за психосоцијалните услови кои ја зафаќаат темата за нејзиното репродуктивното минато и иднина, како и темата за нејзините чувства и емоции кои моментално преовладуваат како и справувањето со истите. Најчесто се користи терапија насочена кон клиентката која ја подигнува нејзината самодоверба и соочувањето со емоциите и мислите кои се појавиле. На прво место, советникот мора да обезбеди проток на доверливи информации кои ја обвиваат оваа чувствитела тема. Многу важен дел од оваа терапија е справувањето со стресот и анксиозноста како и враќање на самодовербата кај жената. 

Советувањето подразбира дека:

  • Жената ќе ги надвладее моменталните емоции и ќе и биде пружена соодветна емоционална поддршка
  • Жената ќе биде правилно информирана за нејзината емоционална и физичка состојба. 
  • Жената ќе ги разбере можните компликации кои би можеле да се појават. 
  • Жената ќе може да размислува правилно за нејзиното репродуктивно здравје. Заради тоа што не постои стандардизиран советодавен метод при спонтан абортус, најдобро е да се користи програма која е лесна за употреба од страна на обучена медицинска сестра-советник, која ќе биде фокусирана на проблемот и која ќе биде прифатлива за жените.  

Иако за спонтаниот абортус или за абортусот воопшто, не се разговара во нашето општество, сепак има обид барем да се започне темата “што потоа?” и како полесно да се преброди тој период. 

Многу важно е и воведување на follow-up care, што укажува на тоа дека мора да се стремиме кон промени кои чинат малку, а значат многу. 

Останати објави

Музикотерапија

Музикотерапија е терапевтско користење на музиката и нејзините елементи со цел задоволување на физички, емоционални, ментални, социјални и когнитивнипотреби.

Селф и функција на селфот

Што е претставува природа, ум или свесност? Која е релацијата помеѓу нив? Дали се засебни поими (дуализам) или се аспекти на едно нешто (холизам)? Дали има разлика помеѓу луѓето и животните, и која е разликата?

Дали депресијата е предизвикана од недостаток на серотонин?

Веќе со децении се теоризира дека депресијата е предизвикана од страна на „хемиски дисбаланс“ во мозокот, – т.е. дисбаналанс или намалено количество на серотонин во мозокот но дали ова е точно?

Закажи Сесија

Специјална едукација и рехабитилација

азвојна проценка на деца, индивидуални средби и консултација, поттикнување на разој.

Работа со организации

Понуда на различни пакети за потребите на секоја компанија. Креирање на HR стратегија и работа со персонал.

Психотерапија за парови

Групна средба на партнерите со психотерапевт во времетраење од 45 – 60 минути во која фокусот е нивната релација.

Психотерапија за деца

Индивидуална средба со дете во времетраење од 45 минути + 15 минути советување со родител

Психодијагностика (пакет)

Изработка на психолошки наод и мислење преку задавање на психолошки тестови и алатки за проценка

Индивидуална психотерапија

Индивидуална средба со психотерапевт по ваш избор во времетраење од 45 – 60 минути (онлајн или во живо).