Веќе со децении се теоризира дека депресијата е предизвикана од страна на „хемиски дисбаланс“ во мозокот, – т.е. дисбаналанс или намалено количество на серотонин во мозокот но дали ова е точно?
Серотонинот е невротрансмитер кој исто така може да се однесува и како хормон и е познат по тоа што нѐ прави да се чувствуваме добро. Т.е го регулира нашето расположение и нѐ прави да бидеме опуштени, среќни и сталожени па оттаму доаѓа и идејата дека причината за депресијата е недостаткотот на серотонин.
Оваа идеја првично беше предложена во 1960тите, а особено беше поттикната од фармаколошката индустрија обидувајќи се да ги продаде своите новопроизведени антидепресиви неколку децении подоцна.
Постојат и луѓе кои се сомневаа во валидноста на оваа теорија но се до сега не постоеше никакво исцрпно истражување кое би ја потврдило или отфрлило оваа теорија.
Недостаток на серотонин – ДА или НЕ?
Иако и претходно постоеја студии кои го испитуваа ова, ова е првата студија која толку исцрпно и систематски ги разгледува сите веќепостоечки студии и базирано на тоа носи заклучоци.
Она кое што го покажа оваа студија е дека нема разлика помеѓу количеството на серотонин во мозкотот на луѓето кои се депресивни и на луѓето кои не се.
Ова го доведува во прашање користењето на антидепресиви и нивниот начин на функционирање кој во голема мера е непознат.
„Илјадници луѓе страдаат од нус појавите од антидепресивите вклучувајќи сериозни несакани ефекти при прекинување на терапијата, а сепак бројот на препишани апчиња постојано се зголемува. Веруваме дека ова е делумно поттикнато од погрешното верување дека депресијата е предизвикана од хемиски дисбаланс. Време е да се информриа јавноста дека ова верување не е базирано на науката.“
– Moncrieff
Што правиме со депресијата сега?
Иако ова истражување претставува голем чекор кон подеталното запознавање на депресијата и нејзините причини и ги доведува дел од веќепостоечките идеи во прашање, потребни се уште информации во поглед на истата. Она кое што веќе го знаеме и истражувањата го потврдуваат е дека еден од најуспешните начини за третирање на депресијата е токму со психотерапија.
Важно е да напоменеме дека доколку сте на терапија и пиете антидепресиви треба да продолжите да ги пиете и доколку сакате да престанете секогаш тоа да го направите во коснултација со вашиот лекар.
Линк до истражувањето
Joanna Moncrieff, Ruth E. Cooper, Tom Stockmann, Simone Amendola, Michael P. Hengartner, Mark A. Horowitz. The serotonin theory of depression: a systematic umbrella review of the evidence. Molecular Psychiatry, 2022; DOI: 10.1038/s41380-022-01661-0