loader image
Untitled design

Дали децата треба да живеат во светот на бајките?

Убаво е децата да растат во светот на бајките.

Не дека со тоа ќе ја избегнат реалната компонента на живеењето, туку гледајќи, слушајќи или читајќи ќе стигнат и до апстрактно мислење и до полесно справување со тешките и немили моменти на животот.

Гледајќи  – “Во светот на бајките” дојдов до идеја – „Ајде да ги поттикнам родителите да им го овозможат ова задоволство и на нивните деца, сигурно подзаборавиле.“ – Зошто? Од многу причини . „Во светот на бајките” е култен серијал на приказни и бајки, кој многу придонесува за развојот на јазичните и културолошките особености на детето. 

Тргнувајќи од музиката која е прилагодена на дејството, со многу хармонија и прекрасна мелодичност, погодна и за најмалите возрасти, но и покрај тоа испраќа, голема порака за деца над 4 години што веќе можат да ја разберат. Една од песните во серијалот пее „Сакај ги другите како што се сакаш себе” што е основата на сите религии и многу филозофии, а е дофатлива порака за малите возрасти и основа на моралот во ова безвредносно и нарцисоидно општество во кое живееме. 

Како што веќе напоменав дејството е бавно, а дијалозите се многу јасни, комуникацијата е насочена и глумците зборуваат со прекрасна дикција. Тоа е одлична подлога за психички развој и здраво тло за формирање на јазичните центри и можност за пасивно учење на  комуникација и начините на изразување.

Во серијалот има бајки 1001 ноќ и од многу култури, кои убаво се доловени преку одличната глума и преку едноставната костимографија, што е доволно за да се разберат другите луѓе и култури. Да се има претстава за крупната слика и да се гледа светот од високо, како често што знаеме да кажеме. 

Емоционалната компонента е опфатена преку одличниот драмски израз, но и големите дела (бајки) се адаптирани и прилагодени на македонски јазик, кој е мајчин јазик за голем број од децата на оваа држава, но е и одлична можност и да другите деца говорители на македонскиот да изградат убава основа за комуникација и размена на македонски. Меѓу другото емоциите најдобро се артикулираат на мајчиниот јазик, бидејќи се под влијание на социо-културолошките фактори, во кои расте единката, но и растеле нејзините предци и по двете родителски линии. 

Секоја детска емисија во која ликовите имаат емоционална експресија е одлична за детскиот развој. Покрај тоа моја препорака е да не се запоставуваат македонските емисии и серии бидејќи на тој начин детето најдобро ги препознава емоциите на луѓето од неговото опкружување, кој се оформиле под одредени социо – културни влијанија. 

Затоа не  заборавајте ќе градиме прогресивни деца, само ако имаат здрава подлога, во спротивно ќе лебдат барајќи ја основата.

Останати објави

Музикотерапија

Музикотерапија е терапевтско користење на музиката и нејзините елементи со цел задоволување на физички, емоционални, ментални, социјални и когнитивнипотреби.

Селф и функција на селфот

Што е претставува природа, ум или свесност? Која е релацијата помеѓу нив? Дали се засебни поими (дуализам) или се аспекти на едно нешто (холизам)? Дали има разлика помеѓу луѓето и животните, и која е разликата?

Дали депресијата е предизвикана од недостаток на серотонин?

Веќе со децении се теоризира дека депресијата е предизвикана од страна на „хемиски дисбаланс“ во мозокот, – т.е. дисбаналанс или намалено количество на серотонин во мозокот но дали ова е точно?

Закажи Сесија

Специјална едукација и рехабитилација

азвојна проценка на деца, индивидуални средби и консултација, поттикнување на разој.

Работа со организации

Понуда на различни пакети за потребите на секоја компанија. Креирање на HR стратегија и работа со персонал.

Психотерапија за парови

Групна средба на партнерите со психотерапевт во времетраење од 45 – 60 минути во која фокусот е нивната релација.

Психотерапија за деца

Индивидуална средба со дете во времетраење од 45 минути + 15 минути советување со родител

Психодијагностика (пакет)

Изработка на психолошки наод и мислење преку задавање на психолошки тестови и алатки за проценка

Индивидуална психотерапија

Индивидуална средба со психотерапевт по ваш избор во времетраење од 45 – 60 минути (онлајн или во живо).