loader image
Untitled design

Што е burnout и дали го имам?

Burnout е состојба на емоционална, физичка и ментална исцрпеност предизвикана од прекумерен стрес и негово постојано продолжување. Ова е синдром на работна исцрпеност или синдром на професионално согорување се карактеризира со длабок замор, намалено инвестирање во професионалната активност и чувството на неуспех во работата. Терминот прв пат терминот се среќава 1969/1970 година во Соединетите Американски Држави.

Постојат три димензии/симптоми на burnout синдромот:

  • исцрпеност
  • цинизам
  • неефикасност

Кој е најподложен на оваа состојба?

Најчесто се јавува кај високо мотивираните луѓе со високи стандарди и амбиции и огромна посветеност на нивната работа. Недостатокот на социјална поддршка, недостатокот на фидбек и малото учеството во донесувањето на одлуките се поврзани со овој синдром. 

Колку една личност е подложна на burnout, зависи од начинот на кој се справува со стресот. Светска Здравствена Организација ова не го определува како нарушување, туку како состојба на витална исцрпеност.“ Во современото општество, синдромот на согорување добива размери на пандемија, која за жал се помалку се третира. Јавното зборување за ова, се уште е табу тема, а за многу и “непозната област.“

Burnout синдромот е тотална загуба за мотивација и енергија без знаци на олеснување. Организациското согорување е предизвикано од лоша организација, екстремни барања и нереални рокови што ги нуди една организација. Првиот симптом по кој можеме да констатираме дека прегоруваме е токму заморот. Лицето кое се соочува со оваа состојва, е постојано заморно и без никаква волја и желба за професионалните обврски .

Што придонесува за burnout?

Зголемувањето на работните обврски, а со тоа и зголемувањето на одговорноста, работата под притисок, поставувањето на рокови, барање за вложување поголеми напори, месечни таргети, недостиг на ресурси за работа, незадоволство од платата и атмосферата, недостиг на организираност – се мал дел од причините за синдромот на професионално согорување.

Првенствено, треба да научиме да го разделиме професионалниот од приватниот живот, да научиме да се справуваме со стресот и да си го најдеме својот издувен вентил, да градиме позитивни ставови, да се мотивираме меѓусебно, да подадеме рака кога е најпотребно – се само дел од нештата кои треба да ги превземеме и почитуваме за да не “согориме професионално“.

Како комплексна состојба, која добива размери на пандемија, во многу организации, овој синдром е “непознат“  и изигнориран. Кај луѓето кои се соочуваат со оваа состојба, забележано е отежнато функционирање во меѓучовечките односи, заборавеност, експозивност, агресија, грубост, негативен став кон работата, како и воопшто кон животот, немоќ и безнадежност, анксиозност и депресија. Доаѓа до распаѓање на пријателства и бракови, семејни конфликти и сериозни нарушувања врз здравјето. Исцрпеноста е крајната последица од нашите напорни животи.

Останати објави

Музикотерапија

Музикотерапија е терапевтско користење на музиката и нејзините елементи со цел задоволување на физички, емоционални, ментални, социјални и когнитивнипотреби.

Селф и функција на селфот

Што е претставува природа, ум или свесност? Која е релацијата помеѓу нив? Дали се засебни поими (дуализам) или се аспекти на едно нешто (холизам)? Дали има разлика помеѓу луѓето и животните, и која е разликата?

Дали депресијата е предизвикана од недостаток на серотонин?

Веќе со децении се теоризира дека депресијата е предизвикана од страна на „хемиски дисбаланс“ во мозокот, – т.е. дисбаналанс или намалено количество на серотонин во мозокот но дали ова е точно?

Закажи Сесија

Специјална едукација и рехабитилација

азвојна проценка на деца, индивидуални средби и консултација, поттикнување на разој.

Работа со организации

Понуда на различни пакети за потребите на секоја компанија. Креирање на HR стратегија и работа со персонал.

Психотерапија за парови

Групна средба на партнерите со психотерапевт во времетраење од 45 – 60 минути во која фокусот е нивната релација.

Психотерапија за деца

Индивидуална средба со дете во времетраење од 45 минути + 15 минути советување со родител

Психодијагностика (пакет)

Изработка на психолошки наод и мислење преку задавање на психолошки тестови и алатки за проценка

Индивидуална психотерапија

Индивидуална средба со психотерапевт по ваш избор во времетраење од 45 – 60 минути (онлајн или во живо).