loader image
Untitled design

Селф и функција на селфот

Уште од самото постоење на светот луѓето се занимаваат со прашања за природата и за нашето постоење. Што е  претставува природа, ум или свесност? Која е релацијата помеѓу нив? Дали се засебни поими (дуализам) или се аспекти на едно нешто (холизам)? Дали има разлика помеѓу луѓето и животните, и која е разликата? Што се случува кога ќе умреме, дали постои некоја форма во којашто може да постоиме и после смртта? Дали имаме слободна волја и ако да, како може да ја реализираме и во научно законски свет? 

Една од првите теории за селфот на Перлс се фокусира точно на некои од овие прашања. Според него на селфот не може да се гледа посебно, поточно селфот може да се разбере само преку полето, како што денот не може да се разбере без контрастот на ноќта. Ако постои само ден, бесконечна светлина, не само што не би го имале концептот за ден, туку и нема да може да ја имаме свесноста за ден затоа што нема ништо друго за коешто би можеле да бидеме свесни, нема разлики. Па оттаму селфот може да се пронајде во контрастот на “другото’.

Постои граница помеѓу селфот и другото, и таа граница е во есенцијата на психологијата.

Ако нема друго нема ни ЈАС. Ако нема ЈАС нема кој да се перципира.

Питер Филипсон, го објаснува селфот со пристап интегриран од егзистенцијализмот и гешталт теориите. Според него селфот е создаден од три граници на интеракција. Во овој контекст границата не претставува ѕид, туку границата е процес кој одвојува две области, со тоа што активностите квалитативно може да останат различни од тоа што се случува на другата страна. Поточно границата и ја одржува одвоеноста и дозволува размена помеѓу двете страни во процесот. Интересен пример за овој процес е клетката во човековото тело. Границата на клетката ја дефинира неа, но и истовремено дозволува размена која и и овозможува на клетката  да функционира во својата околина, како и да ги задржи своите засебни процеси. Понатаму клетката сама од себе не може да постои или да продолжи со своите функции изолирана од околината. Па оттаму и селфот не може без другото.

Граници кои го формираат селфот

  • Организам/околина; ид/ не-ид граница.

Оваа граница го претставува физичкото постоење на селфот. Има граница помеѓу човековото тело и околината која ја поттикнува интеракцијата што ни дозволува да се чувствуваме живи: вдишување издишување, размена на топлина, хранење. Има и уште една функција регистрирање на процеси во мозокот: вид, допир, слух и вкус. Оваа функција исто може да ги имитира (mirror) процесите кај другите. Целосно гледано на овој процес и неговата функција може да се нарече регистрирање а искуство. Но ова не е само мое искуство, не припаѓа само на човекот, туку на процесот на човекот и околината. Ако не постои границата каде што искуството може да се случи тогаш нема ни како да доживееме себе и другите.

  • Селф/други: јас/не-јас (его граница)

 Како што кажавме во гешталтот на селфот не се гледа како засебен поим туку како ко-креација со другото. Како организми ние имаме функции на фокусирање на нашето внимание, идентификување со фигура и отуѓување на позадината. Ова е повеќе активен процес на избирање отколку несвесен процес. И процесот на идентификација/отуѓување се протега кај човечките суштества до идентификација на „јас“ како оној што доживува и оттуѓување на другиот како што тие доживуваат.

Оваа двојна употреба на идентификација и отуѓување е од витално значење: Јас станувам јас во однос со другиот што сега станува фигура. Функцијата на оваа граница е контактот, многу поразличен процес од искусувањето. Преку контактот јас можам намерно да влијаам и да го менувам светот. Можам да правам се што до сега луѓето правеле, и конструктивно и деструктивно: уништување и градење, реконструирање и нарушување на процесите на полето што се во основата на првата граница. 

  • Карактерна(Личносна) граница

Јасно е дека првите две граници се случуваат во моментот, и се афектирани само од моментот. Оваа граница го истакнува човековото чувство за континуитет на постоењето. Затоа примарна функција на оваа граница е токму тоа. На оваа граница јас се идентифукувам со одредени делови од моите можности отуѓувајки  ги другите. Задачата на оваа граница е автономија и оваа функција на селфот е позната на личноста, и може да се нарече самосвеснот, другите две функции не се вака познати за личноста. Преку себе идентификација јас знам дека имам вредности, креирам релации и ко-креирам релативно стабилна околина. Оваа граница може да се користи на два начини. Може да се користи за да се продлабочи контактот или да се користи како заштита да останеме во познати околности, иако можеби е непријатно но сепак го дава чувството на сигурност преку познатото. Иако боли, ја знаеме болката и знаеме дека се преживува. 

Оваа граница влијае врз другите две граници. Влијае и врз околината и јас, влијае врз што ќе дозволам да стане фигура и како јас се доживувам себе си во контакт со другите. Вака поставено, во области кадешто личноста е фиксирана (или да се поддржи или одбрани од контактот) има тенденција да влегува во релација со светот на начин на кој ќе си ја потврди фиксацијата. Ако моето функционирање на личноста е круто и одбрамбено, јас ќе влегувам во контакти кои ќе ми ја даваат себерефлексијата што ја барам. На пример ако се гледам себе си како помалку интелигентна, ќе избегнувам ситуации во кои би се докажало спротивното, односно дека сум паметна или пак ќе влегувам во ситуациите на тој начин што исходот ќе биде неуспех, или пак нема да верувам на позитивните критики од другите.

Заклучок

Селфот тежнее кон себе-актуализација, концепт кој може да се користи е експериментот. Секој чекор до себе-актуализација е експеримент сам по себе, се впуштаме во ново креирани ситуации од кои не го знаеме исходот, доколку му веруваме на процесот и себе си ќе може креативно да се справиме со исходот и да го адаптираме новонастанатиот свет но и себеси на ново настанатата ситуација.

Останати објави

Музикотерапија

Музикотерапија е терапевтско користење на музиката и нејзините елементи со цел задоволување на физички, емоционални, ментални, социјални и когнитивнипотреби.

Селф и функција на селфот

Што е претставува природа, ум или свесност? Која е релацијата помеѓу нив? Дали се засебни поими (дуализам) или се аспекти на едно нешто (холизам)? Дали има разлика помеѓу луѓето и животните, и која е разликата?

Дали депресијата е предизвикана од недостаток на серотонин?

Веќе со децении се теоризира дека депресијата е предизвикана од страна на „хемиски дисбаланс“ во мозокот, – т.е. дисбаналанс или намалено количество на серотонин во мозокот но дали ова е точно?

Закажи Сесија

Специјална едукација и рехабитилација

азвојна проценка на деца, индивидуални средби и консултација, поттикнување на разој.

Работа со организации

Понуда на различни пакети за потребите на секоја компанија. Креирање на HR стратегија и работа со персонал.

Психотерапија за парови

Групна средба на партнерите со психотерапевт во времетраење од 45 – 60 минути во која фокусот е нивната релација.

Психотерапија за деца

Индивидуална средба со дете во времетраење од 45 минути + 15 минути советување со родител

Психодијагностика (пакет)

Изработка на психолошки наод и мислење преку задавање на психолошки тестови и алатки за проценка

Индивидуална психотерапија

Индивидуална средба со психотерапевт по ваш избор во времетраење од 45 – 60 минути (онлајн или во живо).